Вистински дами во црно оваа среда
•
25 јануари 2017
Утрово се чини постојат некакви можности во текот на денот конечно малку да уживаме во сонце, па да го прославиме тоа со шик женствена комбинација. Денеска носиме впечатливо сиво здолниште со карнер во долниот дел и го комбинираме со црно џемперче со бела јака. Комбинацијата надополнете ја со ова стилско црно палто со кое и ќе се стоплите, а секако не заборавајте ги и црните дебели хулахопки и овие црни чизмички до глужд. Модните додатоци денеска се во претежно темна нијанса, односно носиме црна зимска шапка, црна мини чантичка и слатки сребрени обетки кои се сосема доволни за денеска.
Имајте супер зимски сончев ден!