Во време кога децата на познатите го заземаат тронот во модата, само прашање на време беше кога ќерката на големиот Курт Кобејн и Кортни Лав ќе се најде пред фотоапаратот.
Токму модната куќа Марк Џејкобс ја ангажираше Френсис Бин Кобејн како заштитно лице на нивната нова кампања за пролет/лето 2017 година.
„Прв пат се сретнав со Франсис кога таа имаше само две години. Беше на вечера со мајка ѝ и татко ѝ и дизајнерката Ана Суи во еден њујоршки бар. Отсекогаш сакав да работам со неа бидејќи е единствена, силна и убава. Секогаш се воодушевувам од оние луѓе чија искреност, интегритет, храброст и љубопитност ги води кон нови работи“, изјави Марк Џејкобс по повод соработката.
За младата ќерка на единствениот Курт Кобејн ова е прво вакво искуство. Нејзината мајка пред само неколку месеци исто така беше дел од кампања на брендот заедно со Мерлин Менсон и Кендал Џенер, по што сосема беше очекувано следна на листата да биде токму нејзината ќерка.