Тилда Свинтон ви претставува одлична колекција очила за сонце

20 февруари 2017

За многу кратко време, брендот Gentle Monster стана популарен помеѓу светските трендсетерки, но не помалку е познат и меѓу ѕвездите во Холивуд.

Нивните впечатливи и авангардни очила за сонце ги носат Миранда Кер, Хилари Даф, Џесика Алба, а нивната последна заедничка соработка е со генијалната актерка Тилда Свинтон.

Во новата кампања, таа ги претставува трите модели Newtonic, Trickoflight и Eye Eye што се достапни во три различни бои: црна, црвена и маслинесто зелена.

 

 

Објавено:
20 февруари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
265 пати