Утрово се разбудивме со прекрасно сонце и супер температури во градот, а тоа значи и шик комбинација во која ќе го поминеме денот. Без разлика какви и да ви се плановите, освен ако денот не планиравте да го поминете во природа, ние имаме супер предлог за вас. Денеска носиме шармантно бохо фустанче со карнери и долги ракави и го комбинираме со оваа тексас јакна во малку потемна кафена боја. Комбинацијата надополнете ја со класични крем чизмички до глужд и секако, соодветна чанта, очила за сонце и секогаш тренди шапка. 

Објавено:
4 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
727 пати