Топ 7 шминкери во модната индустрија

16 август 2013

Alexis Vogel- има биографија од учество на околу 200 филмови и документарни емисии, како и работа со низа модели што ја прави една од најактуелните шминкериво индустријата и име кое треба да го знаат љубителите на модата.

Bobby Brown - едно од темелните имиња во индустријата. Има објавено обемна литература за уметноста и вештините на шминката, истовремено таа е чест уредник на секциите за убавина во низа списанија и емисии. Таа има изградено империја во модната индустрија.

Jay Manuel – познат шминкер, каде неговиот гениј и око за се што значи мода му помогнаа да создаде репутација и стил што го катапултираа во светот.

Kevin Aucoin – откриен од страна на Vogue работеше како модел, продолжи како уметнички директор на Revlon компанијата за на крај да лансира своја make up линија и да стане активен работник на тоа поле.

Laura Mercier – Французинка која стои зад шминката на списанијата: Glamour, Elle, Vanity Fair, Seventeen. Исто така е дел и од тимот на L’oreal, Maybelline, Victoria’s Secret, GAP, Banana Republic. Нејзината козметичка линија има слоган : „Придобивка за жените во секоја возраст“.

Jamie Weiss – Едно од најпознатите имиња во оваа индустријата и посебно сцената на Холивуд, работејќи со имиња како Зое Салдана и Џејмс Франко.

Wendi Rowe – прекрасно нашминканите лица од страна на овој уметник ги облагородија скоро сите модни писти и модни публикации низ годините. Таа го одржува свежиот изглед и ги прави лицата неодоливи што подразбира секси сјај на очите, храбри уснии и секогаш тежнее кон едноставен изглед со секси став.

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Портфолио