Пантон: Ова се боите на пролетта 2017

22 март 2017

Пролетта и календарски ни дојде, па веројатно многумина од вас ги преуредуваат гардероберите или се во потрага по нови, сезонски парчиња.

Инстутот за бои „Пантон“ ќе ви ја олесни потрагата.

„Едно од нештата што ги видовме оваа година е возобновување на чувството на имагинација, по што боите во конкретниот контекст се поинакви од традиционалните. Нашата пролетна палета е всушност спектар на емоции и чувства. Од топлите сончеви денови, преку чувството на свеж,планинаски воздух, до чувството за бегство во водени предели, пролетта ја претставивме како разиграна. Секоја од боите е добро осмислена и трансформирана на начин што се трудиме да го одржиме секоја година – вели извршниот директор на Институтот, Леатриче Ајсман.

Во продолжение ќе прочитате и видите кои се десетте најактуелни бои за пролет 2017-та.

Niagara

Релаксирачка нијанса на сина, која ќе стане сè поприсутна оваа пролет. Ние ќе ја имплементираме најмногу во џинсот.

 

Primorise Yellow

Оваа боја е еднаква на топлина и енергија. Веселата жолта нијанса убаво се комбинира и потсетува на топлите сончеви, летни денови.

 

Lapis Blue

Моќна нијанса на сина, интензивна и силна, за самоуверените жени.

 

Flame

Огнена нијанса на црвено-портокаловите нијанси, која асоцира на забава, грев и задоволства.

 

Island Paradise

Боја која потсетува на освежителните води на тропските острови. Го буди чувството на опуштеност и желба да фантазираме во мислите и да уживаме во небото без облаци и песочните плажи.

 

Pale Dogwood

Пастелна, смирена нијанса на розова. Претставува невиност и чистота, дискретна убавина на рози. Најдобро изгледа на меки ткаенини.

 

Greenery

Интензивна нијанса на зелената, со примеси на жолта, а сè со цел во нас да ја разбуди потреба да експериментираме. Исто така, боја која нè охрабрува да живееме во духот на екологијата.

 

Pink Yarrow

Оваа сезона не се збогувајте со розовата. Оваа нијанса е весела и наменета за сите што досега немале храброст да ја носат, да го направат тоа пролетва.

 

Kale

Оваа маслинесто зелена нијаса во нас ја буди желбата да се поврземе со природата. Бојата „Kale“ означува плодност, виталност и бујност.

 

Hazelnut

Боја на лешник за сите љубители на неутралните тонови, совршена за пролетната сезона. Има топлина и овозможува совршена комбинација со некоја од интензивните бои од оваа пролетна палета.

Објавено:
22 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.103 пати