Првиот трејлер за емотивниот документарец за Хит Леџер

5 април 2017

На четврти април, денот кога тој требаше да наполни 38 години, и официјално беше промовиран првиот трејлер за документарецот за еден од омилените холивудски актери, секогаш прекрасниот Хит Леџер.

Во документарецот можеме да видиме досега необјавени снимки, често снимени од неговата камера без која многумина ќе кажат дека тој не одел никаде.

Тој имаше само 28 години кога на 22 јануари 2008 година се предозира со апчиња кои инаку му биле препишани.

Режисерот Дерик Мареј на гледачите и обожавателите на актерот им нуди едно сосема поинакво искуство, со моменти од животот на холивудскиот убавец кои досега никој не ги видел.

Во документарецот можеме да видиме и некои од неговите најблиски пријатели и соработници, но и неговата сестра Кејт која говори за тоа каков човек бил актерот кога бил мал и што сакал да прави.

За него искрено говорат и неговата колешка Наоми Вотс и режисерот на едно од неговите најдобри филмски остварувања „Brokeback Mountain“ Анг Ли.

„Постојано имаше камера со него, јас единствено така го памтам“, вели неговата пријателка и модел Кристина Каучи во документарецот.

Режисерот Анг Ли посочува дека дури и кога актерот играл некоја споредна улога, тој секогаш бил во центарот на вниманието и сите се вртеле околу него. Додава и дека тој сакал слава, но кога ја добил, повеќе не ја сакал...

Тој остави огромен впечаток во Холивуд благодарение на неговиот исклучителен карактер, убавина и неверојатен талент.

Ќе биде запаметен по одличните улоги во 10 Things I Hate About You, The Patriot, Monster’s Ball, Brokeback Mountain, The Dark Knight и фантастичната улога на Џокер, но и многу други.

I Am Heath Ledger премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал Трибека на 23 – ти април, а официјално низ кината на трети мај.

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
256 пати