Најубавите велигденски украси ќе ги најдете во „Tinex Home“

7 април 2017

На само една недела пред еден од најубавите празници Велигден, време е да почнете со подготовките во кои знаеме дека уживате секоја година. 

Ако сакате оваа година вашиот дом да изгледа подобро од кога и да е, тогаш ние имаме предлог каде ќе можете да ги најдете најдобрите украси на едно место. 

Во трговскиот центар Зебра ќе ја најдете новата неодолива продавница Tinex Home која располага со асортиман на производи наменети да го надополнат и разубават секој агол од домот, без разлика дали станува збор за дневен простор, кујна, бања, градина или сл. 

Во Tinex Home може да се најдат најразлични  декорации, украси, аксесоари, опрема за кујна и бања, потоа кујнски прибор и садови, градинарска опрема и алати и друго. 

Отсега, вистинските љубители на внатрешното уредување и ентериерот на едно место ќе најдат квалитетни, модерни, а сепак достапни предмети и детали за домот. 

„Исклучително нѐ радува фактот што луѓето во Македонија започнаа да му придаваат сѐ поголемо значење на уредувањето на просторот. Во денешно време, не се вреднуваат само функционалноста и цената како параметри за избор, туку сѐ повеќе на значење добиваат дизајнот и квалитетот на производите. Затоа, среќни сме што имавме можност на нашите потрошувачи да им понудиме повеќе од само продавница за опремување на домот и наместо тоа, да креираме концепт каде секој производ кој се нуди, ќе даде свој придонес во естетиката на домот“, велат од Tinex Home.

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.648 пати