Веруваме дека денеска секому му е тешко да се врати во форма после слободните денови, но тоа секако не значи дека треба да се појавите било како. Блеснете по празниците во ова црвено фустанче кое ние го комбинираме со тексас јакна со супер интересни апликации во задниот дел. Чантата денеска е црвена и во навистина интересна форма, а во слична нијанса се и балетанките кои се одлични во комбинација со фустанот. Иако утрово се разбудивме со малку пониски температури, сонцето е доволна причина да се насмевнете и секако, да не ги заборавите очилата за сонце. Што се однесува до модните додатоци, црвената марама со бел принт ја носиме на врат со што фустанчето дополнително се истакнува.

Уживајте во денот!

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
691 пати