Тренд аларм: Фустанче во пруги за безгрижни сончеви денови

25 април 2017

Овие денови како никогаш досега го чекаме летото кога конечно ќе можеме да ги одбереме најубавите фустанчиња и конечно да се ослободиме од фармерките и блузите на долги ракави.

Со оваа комбинација што денеска ви ја предлагаме ги повикуваме топлите денови кои секогаш со себе носат толку многу забава и позитивна енергија.

Како и секоја топла сезона, и оваа задолжително во секој женски плакар е едноставното фустанче на пруги кое можете да го комбинирате со што и да посакате.

Во случајов, ние го комбинираме со овие шик сандали во златна нијанса на ниска потпетица со кои ќе можете да ги завршите сите обврски во текот на денот.

Како моден додаток кој ќе биде вистински хит претстојната сезона ја издвојуваме свилената марама која може да се носи на безброј начини, но поставена како трака на главата е еден од омилените.

Бидете креативни и храбри и одберете некоја со интересен и шик дезен, а со оние цветните никогаш нема да погрешите.

Доколку сѐ уште не сте го направиле пролетниот шопинг, тогаш фустанчето во пруги е нешто на што задолжително треба да му посветите внимание.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Фустан, сандали: Mango

Марама: Parfois

Модел: Елена Србиноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
654 пати