Ксенија Николова и Cosmо

25 мај 2017


Ксенија Никова се дружеше со читателите во Cosmo

Младата и убавата писателка Ксенија Николова ја промовираше нејзината трета книга „Макар уште еднаш" во Cosmo-Tinex во центарот Зебра на 20.05.2017.
Ксенија е девојка која приказните од секојдневниот живот ги преточува во инспирација за своите книги. Нејзините текстови се посветени на животот и случувањата во животот и се полни со емоции.
Нејзините романи „Ова не се Ромео и Јулија'' „Идиотски приказни'' и „Макар уште еднаш'' се самите специфични и препознатливи по тоа што во нив писателката се обраќа во машкo лице.

Русокосата писателка реши за нејзината нова книга која е во подготвка да земе храброст и да направи драстична промена во нејзиниот стил на пишување. Новата книга ќе биде напишана во женско лице. Таа одлучи да се се соголи и комплетно да го отвори срцето пред нејзините читатели. Ксенија е исто така активна на социјалните мрежи каде што има повеќе од 15, 000 следбеници и каде што секојдневно објавува изведоци од нејзиното творештво.


Во саботата, на 20ти Мај 2017, нејзините читатели и фанови имаа можност да ја сретнат Ксенија, да се дружат со неа и да добијат потпишан и посветен примерок од една од нејзините магични книги во Cosmo, во центарот Зебра.

Иствремено имаше и промоција и шминкање со производите на Max Factor и Artdeco. Реномираниот шминкер Александар Ризов, кој беше задолжен за промоција и шминкање со козметиката на Artdeco и една од oбучените промотерки на Max Factor се погрижија за прекрасниот изглед на Ксенија Николова и за изгледот на заинтересираните потрошувачи во Cosmo-Tinex.
Книгите на Ксенија Николова се сега достапни во Cosmo. Cosmo и Ксенија се задовлни од соработката и се спремни за понатамошно соработување и идни заеднички проекти.

*Спонзорирана објава 

 

Објавено:
25 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
540 пати