Грег Алман замина во легендите

29 мај 2017

Легендарниот музичар Грег Алман еден од творците на „рокенролот од југ“, почина на 69-годишна возраст во својот дом. Американскиот пејач, композитор, најпознат беше по своите настапи со рок бендот „Allman Brothers Band“ и со својот брат Дуен.

Врв во својта кариера бендот го достигнува во доцните шеесети и седумдесетите години од минатиот век. Неговиот брат ќе загине во сообраќајна несреќа 1971 година, а следната година ќе загине и басистот на бендот Бери Оукли.

Алман ќе продолжи со својата соло кариера, а „Allman Brothers band“ често ќе се распаѓа и ќе се составува се до 2014-та година. Грег Алман има добиено неколку Греми награди, член на Куќата на славни, списанието „Roling stone“ го рангираше на 70 место како најдобар пејач на сите времиња. Со Шер беше во брак повеќе од десет години. Од тој брак имаат еден син Елајџа Блу Алман кој исто така се занимава со музика.

Овие денови се очекуваше да излезе неговиот нов албум, а во март оваа година веќе беа откажани сите негови настапи.


Грег Алман долги години се бореше со зависност од алкохол, хероин, многу обиди за рехабилитација... Во 2010 ќе има и трансплантација на црниот дроб.

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
237 пати