Петок во црно и виолетово
•
17 ноември 2017
Да ја завршиме работната недела со стил. Нашата денешна предлог комбинација е составена од две бои, кои се сосема доволни за да бидете впечатливи.
Исто така, со оглед на тоа дека е петок и дека веројатно ќе посакате малку да се забавувате, внесовме и доза сексапил.
Комбинацијата е составена од црн фустан со долги ракави, кој на ракавите, околувратникот и долниот раб има нежна тантела, што го прави секси. Го комбинираме со високи чизми на врзување и високи потпетици, а на сето тоа додаваме капут во интензивна виолетова боја.
Чантата во кралско виолетова боја ја збогатува комбинација и ја прави уште повпечатлива. Иако го нема на фотографијата, карминот во оваа нијанса е задолжителен.
Ви посакуваме совршен петок!