Вера Мештеровиќ ве запознава со италијанската козметика „Clarissa“: Убавина за сите!

22 ноември 2017

Со традиција од повеќе од четири децении, италијанската семејна компанија „Clarissa" создаде козметички бренд и Академија, кои важат за врвни во глобални рамки, а од неодамна нивните производи и услуги се достапни и во Македонија.

Вера Мештеровиќ

Нашиот топ модел и поранешна Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, е нивен ексклузивен промотор во нашата земја и преку нашите содржини таа ќе ве запознава со сите новитети како и сите можности и бенефиции што може да ги добиете преку професионалната Академија „Clarissa".

Историјата на овој бренд, со фокус на козметички производи за нокти, нега на раце, нозе, како и трајна шминка, започнува во Рим во 1975 година. Под името „Choice Srl" ja основа етаблираниот фризер со сицилијанско потекло, Calogero "Lillo" Ciaccio, кој истата година отвора ексклузивен салон во италијанската престолнина. Со цел да открие нови хоризонти на префинетата естетика, заедно со неговата сопруга Sofia Castiello, во 1982 година го прошируваат нивниот семеен бизнис со нов професионален предизвик – специјализирана козметика за нокти, нивна нега и убавина. Со ова, овој мал семеен бизнис за само неколку години прераснува во една од водечките компании во овој сектор на козметичката индустрија.

Брендот „Clarissa" е резултатот на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Водечкото мото на компанијата е: Убавина за сите, алудирајќи на тоа дека секоја жена ја заслужува „Clarissa" и сите задоволства што таа ги обезбедува.

Иновативниот пристап во развојот на брендот, добива уште пошироки размери во 2014 година, кога David Sebastian и Clarissa Ciaccio, лидерите на компанијата, инаку деца на брачниот пар основачи, ќе внесат нова, современа, младешка енергија во идентитетот на „Clarissa" со ребрендирање на сите производи, што ќе биде комплетирано во 2016 година.

Во Македонија веќе функционира и првата Академија – Clarissa за професионално изучување на сите сегменти на маникирот, лоцирана во Кочани, а наскоро се најавува и тренинг центар во Скопје каде обуките ќе им бидат доверени на висококвалитетни професионалци во овој занает.

Низ следните содржини на Fashionel, Вера Мештеровиќ ќе ве запознава со комплетниот, богат програм производи на ексклузивниот италијански бренд „Clarissa".

*Спонзорирана објава

 

Објавено:
22 ноември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.352 пати