Македонскиот дизајнер Драган Христов кој твори под етикетата „Лудус“, по покана на организаторите на Љубљанската модна недела, ја претстави пред словенската модна публика најновата безродова колекција со наслов „Devoid“.
Колекција е продолжение на претходните родово неутрални колекции што и овојпат содржи производи изработени од висококвалитетни, стопроцентно природни материјали како памук, мерцеризиран памук и волна и рачни плетенини од волна.
Ова е досега најобемна и најкомплексна негова колекција и содржи 45 парчиња, а на пистата можеа да се видат 20 целосни излегувања. Колоритот и овојпат беше рестриктиран на црна, бела и неутрално сива боја, кроевите се комплексни и вклучуваат внимателно геометриско проектирање што дава едноставен скулптурен изглед.
По настапот на Љубљанската модна недела, „Лудус“ ја има ексклузивната можност да ја претстави колекцијата во концептуалната продавница Пентља заедно со други селектирани модни брендови од Словенија и регионот.
За потсетување, истата колекција беше прикажана на комерцијалниот дизајнерски маркет „Feschmarkt“ во Виена, Австрија, а претстојниот викенд, на 9ти и 10ти декември, ќе биде дел од дизајнерскиот маркет Weichnachtrodeo во Берлин, Германија.