Факт е дека џинсот е класика во модниот свет и за него не постојат сезонски ограничувања. Но, овој период и покрај тоа што фармерките се незаменливи, популарноста ќе им ја „украдат" панталоните со кариран дезен.
Поконкретно се работи за моделот на карирани панталони со сива основа.
Иако овој модел на панталони е „позајмен" од деловниот плакар, со модификација на кроевите и со автентично имплементирање во личниот имиџ, тие добиваат сосема нов и свеж лик.
Подеднакво добро им стојат на жени со различна телесна конституција, се разбира во зависност од тоа како се комбинирани.
Особено се актуелни панталоните со висок струк, што може да ги комбинирате со џемпер, кошула или тантелна блуза и се идеален избор истовремено и за деловен и за романтичен и шик стајлинг.
Доколку сакате да постигнете впечатлив ефект, тогаш имајте ги во предвид карираните панталони со широки ногавици или оние со ¾ должина што може да ги комбинирате со чизми на висока потпетица или пак елегантни салонки.
Веќе се хит и во уличната мода каде со сигурност ќе ги најдете и најкреативните идеи за нивно комбинирање.
Фото: Пинтерест, Инстаграм