Хелен Мирен или Нина Добрев?
•
15 февруари 2018
Во денешниот стилски двобој се две познати дами, актерките Хелен Мирен и Нина Добрев. И двете неодамна се појавија во иста креација.
Се работи за бел фустан со карнери на дизајнерот Прабал Гурунг, од колекцијата есен 2017.
Нина Добрев го носеше на премиерата на филмот „Flatliners“, додека Хелен Мирен го носеше претходно исто така на премиера на филм, „The Leisure Seeker“.
И двете ја носат пократката верзија на фустанот, а речиси и идентично се стилизирале. Двете актерки носат црна клач чанта, и чевли во сива, односно сребрена нијанса.
Единствената разлика е во ременот.
На која подобро ѝ стои?