Оваа пролет ќе биде обоена во богат и интензивен колорит, доколку ги имаме во предвид тенденциите во најава.

Храбрата палета на бои ќе биде актуелна особено кај модните додатоци, со кои ќе ставиме акцент на секој стајлинг.

Нашиот предлог за „must have" за оваа пролет, кога е во прашање накитот, е масивен ѓердан и прстен од Parfois во комбинација на повеќе јаки бои: вилетова, розова, црвена...

Со избор на вакви модни додатоци ќе ја „разиграте" и наједноставната дневна комбинација. Може да ги комбинирате во кежуал аутфит со плетен блузон или бела кошула, или пак со елегантен и романтичен фустан за вечерен изглед.

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Fashion Group (Parfois - ѓердан и прстен)

Модел: Магдалена Лазовска, Модна агенција Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
28 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
453 пати