Соработката на Geox со Ернесто Еспозито, еден од најпознатите италијански дизајнери за чевли продолжува и во сезоната пролет/лето 2018 со колекција на елегантни и женствени модели кои се одликуваат со софистицираност и внимание посветено на деталите.
Производот на одлична креативна соработка, новиот дизајн сепак се темели на принципите на функционалност и удобност по кои работи Geox.
Издржливи, лесни и флексибилни, познатите патентирани Geox ѓонови се носечки во целата колекција, почнувајќи од секојдневните, лежерни модели кои доаѓаат во земјени, кафени тонови и неизбежната бела боја. Некои од моделите се изработени и од лак кожа, а дел се со сребрени и златни детали.
Летните модели на чевли и сандали имаат морнарски инспирирани мотиви – бела и светло сина боја, кожа, текстил, плута и метал. Овие модели се вистински "must have" благодарние на специјалната мемори пена вградена во ѓонот која овозможува поголема стабилност и се појавува кај еспадрилите, и сандалите на платформа.
Како дополнување на моделите на Ернесто Еспозито, за сезоната пролет/лето 2018 Geox ги претставува и новите Nebula спортски обувки – симбол на висока технологија во комбинација со модерен дизајн. Ергономски и удобни, Nebula чеблите се достапни во модели со и без врвки во црвена, црна, сина и и сива боја, како и во неколку пастелни, пролетни нијанси со светкав ефект.