Да, таа има 51 година, иако никој не може да поверува во тоа. Една од најшармантните актерки во Холивуд, Хали Бери, вели дека вежба пет пати во неделата и токму на фитнесот и јогата им го препишува нејзиниот младешки изглед.
Како што пишува магазинот „W“, нејзиното идеално тело е резултат на макотрпна работа, во која таа вклучува правилна исхрана, постојан тренинд, јога и медитација.
Доколку го следите нејзиниот Инстаграм профил, веројатно знаете со какви вежби таа успеала да изгледа совршено и на прагот од шестата деценија од животот.
„Знам дека е тешко да се концентрирате и да почнете да вежбате секој ден, но еден од 24 часа во денот дефинитивно можете да го издвоите за себе“, вели актерката, што се чини многу точно.
Таа додава дека не ви е потребен луксузен фитнес центар, за вежбање е супер и било која соба од вашиот дом како на пример кујната или балконот.
За да се чувствува среќно и смирено, актерката одбира медитација за која ќе каже дека помага да се урамнотежи левата и десната хемисфера на мозокот, правејќи ја креативна и емоционално здрава.
Се чини дека времето не минува за неа, а таа ги советува сите жени како да изгледаат фит и здраво само ако одвојат малку време за себе.
„Многу жени во моите години се жалат на опуштени гради и се обидуваат да направат се за да изгледаат младо. Правете вежби со кои ќе ги затегнете мускулите на градите, ќе видите дека тоа функционира“, вели актерката.
Таа обожава јога и често можеме да ја видиме како ужива во вежбите преку фотографиите што ги споделува на нејзиниот Инстаграм профил.
Мајката на две деца советува постојано да практикувате јога, што повеќе – тоа подобро. Покрај тоа, физичкиот напор помага во ублажување на стресот со кој се соочуваме секојдневно.
Ако ви е потребна инспирација, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил уште веднаш.
Извор: Buro 24/7.hr
Фото: Инстаграм