Конечно се случи долгоочекуваната премиера на продолжението на Ocean’s 8 во Њујорк, а ѕвезди на вечерта беа прекрасните актерки кои се појавија во неодоливи стајлинзи.

Очекувано, најголем впечаток се чини остави неодоливата Ријана која е дел од филмот, заедно со прекрасните Кејт Бланшет, Сандра Булок, Минди Калинг, Сара Полсон, Хелена Бонам Картер и Ен Хатавеј.

На премиерата таа се појави во виолетов фустан со крупни карнери и без ракави, комбиниран со високи потпетици во иста боја и впечатлива шминка и скапоцени обетки.

Прекрасна во креација на Жан Пол Готје беше и актерката Ен Хатавеј за чиј стил во последно време се грижи познатиот стилист Ло Роч и изгледа подобро од кога и да е.

Како што можеме да забележиме, секогаш стилската Кејт Бланшет во последно време обожава костими, па и вчера носеше еден таков со супер дезен и впечатливо дрвено копче во предниот дел.

Вистинска дама во светкав сребрен фустан беше и Сандра Булок која се одлучи за едноставна шминка и фризура, а изгледот го надополни со високи потпетици и обетки.

Впечатлива во жолт фустан со реси и високи сандали во зелена боја беше и актерката Сара Полсон, додека другите актерки се одлучија за претежно црно – бели комбинации.

Имено, филмот режиран од Гари Рос ја прикажува приказната за Деби Оушн (Сандра Булок), сестрата на Дени Оушн (Џорџ Клуни), која најмува тим на крадци – експерти за накит, за да украдат вредни парчиња од Мет Галата во Њујорк.

Македонската премиера на филмот се очекува да се случи на 14 – ти месецов.

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
338 пати