Каролина Херера со новата ресорт колекција ни испрати разгледница од рајскиот Palm Springs

11 јуни 2018

Одлично сработено Вес Гордон! Првата ресорт колекција на дизајнерот за Каролина Херера е повеќе од ветувачки старт на новото поглавје во историјата на престижниот моден бренд.

Вес Гордон со оваа прва негова официјална колекција за брендот направи успешен премин во кој акцентот го стави на онаа препознатлива естетска есенција на Каролина Херера, освежена со урбаниот дух на неговиот дизајнерски сенс.

Линијата е инспирирана од футурустучкиот стил на Palm Springs во 1960-те години, што ќе се препознае преку релаксираната конструкција на моделите, обоени во живи, светли и игриви бои.

Женственоста како носечка нишка на препознатливиот дизајнерски профил на Херера, е пристуна во секој сегмент и на секое ниво. Макси и миди фустаните со нагласена половина ќе ги забележите во повеќе варијанти, а она што нам ни е особено симпатично се брошевите и обетките во форма на срце.

Фото извор: Каролина Херера

 

Објавено:
11 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
755 пати