Запознајте ги тајните за здрав живот на супермоделот Миранда Кер

7 септември 2013

За Миранда Кер можеме со сигурност да кажеме дека е жена која има постигнато многу во животот и се има реализирано во секое поле. Таа е горда мајка на 2-годишниот Флин и е среќно мажена со британскиот актер Орландо Блум.

И покрај тоа што има многу обврски, Миранда наоѓа време и обраќа внимание на нејзиното здравје. Таа е позната по своите здрави навики за јадење и строг режим на вежбање. Сега е во триесеттите години, а изгледа поубаво од било кога, покажувајќи ја својата совршена силуета, цврста мускулатура и затегнато тело. Многумина и завидуваат на нејзиниот изглед, па затоа во продолжение решивме да ја нахраниме вашата љубопитност со откривање на тајните за начинот на исхрана и режимот на вежбање кои ги практикува овој топ модел.

Начинот на исхрана на Миранда Кер

Не можете да имате беспрекорно тело ако денот не го почнете со чинија здрав појадок. Австралискиот модел на Викторија Сикрет за Net-A-Porter откри каков и бил режимот на исхрана по раѓањето на нејзиниот син, како би се вратила во форма што побрзо.

-Моето утро го започнувам со шејк кој ми дава максимална енергија и виталност. Моќен пијалак содржи хранливи материи, големо количество на витамини и минерали, вели манекенката.

embedded_miranda_kerr_exercise_routine

Всушност исхраната на Кер главно се состои од здрава и правилна мешавина на зеленчук, овошје и риба. Таа призна дека секогаш купува свежи производи и дека пие флаширана вода.

Ако се прашувате што содржи ручек менито, еве го одговорот на Миранда:

-Си правам убава и голема салата која содржи спанаќ, авокадо, печено сирење, краставици, бадеми, масло од ореви и балсамиран оцет. Навистина е вкусна оваа салата која после ја комбинирам со печена риба и каша од сладок компир, вели моделот.

Режимот на вежбање на Миранда Кер

Идеалната килажа и беспрекорниот изглед на телото на овој топ модел се резултат како на совршениот баланс во исхраната така и на режимот за вежбање. Дури и по раѓањето на бебето Флин, Миранда успеа да си ја врати идеалната фигура за кратко време благодарени е на строгиот план за вежбање.

Покрај домашните и професионалните обврски сепак Миранда оди во сала за вежбање пет пати во неделата и вежба повеќе од еден час. Режимот на вежбање се состои од комбо јога, балетски движења, кардио вежби, трчање и боксување.

За да го тонира своето тело Миранда џогира еднаш до два пати неделно, трчајќи и по три милји, за да ги добие саканите резултати. Потоа прави склекови, ги истегнува мускулите на нозете и бутовите, скока на јаже, па прави чучневи, комбинирајќи ги сите заедно на начин на кој и одговара, без да следи некој редослед. Она што е важно за овие вежби е истите да се направат од 10 до 15 пати во серија.

Како што можете и сами да забележите ова навидум изгледа лесно, но не е. Ако сакаме да имаме идеална фигура треба малку да се испотиме не само балансирајќи ја исхраната туку и во поглед на вежбањето и тренирањето. Тогаш не само што ќе имаме убаво обликувано тело туку ќе бидеме и здрави.

Објавено:
7 септември 2013
Категорија: 
Убавина