Архипелагот Лофотен во Норвешка е најмагичното место на светот!

17 јули 2018

Ако некогаш планиравте да ја посетите Норвешка, обидете се да организирате патување и до островите Лофотен кои се сметаат за најубавиот дел од земјата.

Иако многу често фотографиите ќе ве натераат да помислите дека се работи за исклучително студено место со многу снег, всушност се работи за исклучително магичен предел со недопрена природа.

Токму од ова место е инспириран огромниот хит филм на Дизни, „Frozen“ благодарение на кој туризмот на островите Лофотен се зголемил за дури 20 проценти.

Кога станува збор за организирањето прошетки таму, мора да знаете дека времето е ултра непредвидливо, односно ако излезете на сонце, истото може да го снема за пет минути. Без разлика на тоа што вели временската прогноза, задолжително со себе понесете си чадор или кабаница.

Она што е особено интересно е тоа што до пред неколку години многу малку луѓе имаа слушнато за ова место, но благодарение на прекрасните фотографии од туристите објавени на Инстаграм, интересот неверојатно се зголемил за кратко време.

Огромниот број на туристи е новина и за локалните жители кои не се воодушевени од големата посетеност, особено од некултурата на туристите кои не престануваат да ги фотографираат уникатните места и прават се за добра фотографија.

Најдобро би било доколку изнајмите автомобил со кој ќе можете да прошетате секаде и да видите сè што ве интересира, но секако и да оставите простор за прошетка во која сигурно ќе уживате.

Последните информации велат дека земјата не сака да се промовира преку познати блогерки и инфлуенсери бидејќи постарата генерација е нивната таргет група.

Голем број на пензионирани жени и мажи уживаат да крстарат по Норвешка која е дефинитивно нивната омилена дестинација.

Сепак, островите Лофотен во последно време станаа атракција за помладата публика поради тоа што нуди неверојатни можности за планинарење, рибарење, скијање, сурфање, возење велосипед по храбри патеки и што уште не.

Овие неверојатни острови се сон на секој фотограф, бидејќи токму тука може да се направат неверојатни фотографии благодарение на природата која воодушевува.

Сосема очекувано, специјалитетите од риба се најпознати во Лофотен, па доколу сте обожавател на риба, ова е место во кое дефинитивно ќе уживате.

Ако сè уште не знаете каде ќе го поминете годишниот одмор, уште денеска организирајте посета на ова магично место.

Извор: heartmybackpack.com

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
348 пати