Македонскиот моден бренд Елена Лука, годинава прославува исклучително значаен, 10-годишен јубилеј!
Пред десет години беше амбициозна визија на генералниот менаџер, г-ѓа Елена Пандева, а денеска е етаблиран моден бренд по сите светски параметри, бренд што ја презеде одговорноста со себе да го носи нивото на светските стандарди и да го крши мразот пред неоткриените светови.
По тој повод, Елена Лука ќе ја промовира својата ексклузивна, јубилејна колекција „Х" на Модната недела во Софија, Бугарија, која е на ниво на светските случувања во доменот на модната индустрија.
„Елена Лука ќе ја промовира јубилејната колекција во рамките на четвртата вечер, на 20-ти септември, кога според програмата на Модната недела, ќе настапат повеќе значајни, странски модни етикети. Секоја од креациите во оваа луксузна, јубилејна колекција „Х" го има своето уникатно место при раскажувањето на модната приказна на брендот. Од користењето на префинети материјали – како свила, кадифе, најексклузивни тантели, срма итн, до кроеви кои ја прегрнуваат женската различност, одлучив да ги обединам сите чекори кои ја направија оваа приказна и бренд единствени", изјави г-ѓа Елена Пандева.
Со својот авангарден и артистичен пристап кон модниот дизајн, македонската модна куќа Елена Лука, постави врвни стандарди на домашната модна сцена, но истовремено направи приближување кон светските модни трендови и текови.
Како бренд кој веќе една деценија е на самиот врв, со јубилејната колекција „X" (It's old – it's new – it's Elena Luka X years after) прави сублимат на исклучително значајна декада и за брендот како таков, но и за македонска модна сцена.
Со симболот „Х" што се проткајува низ колекцијата во различни форми се потенцира јубилејот на кој модната куќа е посебно горда, бидејќи ова децениско успешно работење е репрезент на сите заложби на модниот бренд за уникатен, бескомпромисен моден дизајн во кој се препознава индивидуализмот како ракопис на уметникот.
Авангарднниот дизајн што ги обединува сите креации, претставува одбележување на патот на успехот на брендот изминатите години, но воедно и нов почеток во кој ќе се задржи индивидуалноста, специфичниот уметнички израз по кој е препознатлива модната куќа и намерата да се приближи светски производ до секоја жена. Оваа колекција е мост помеѓу она што низ годините досега ја изградило модната куќа во креативна смисла, но и она што допрва ќе следи и што со сигурност ќе ја приближи до нова публика и до нова деценија исткаена со препознатлив дизајн, уметност и префинетост.