Брендот Timberland за есенската сезона подготви нова колекција која го слави наследството на брендот. Со поглед кон минатото и чекор кон иднината, од Timberland создадоа нешто сосема ново.
Се работи за класични модели збогатени со технички и естетски иновации, а новите дизајни пак се комбинација на спортско облекување и урбана мода.
За есен 2018 Timberland го продолжува патувањето низ "урбаната шума", преку својата кампања покажувајќи како Aerocore технологијата овозможува потрага по природата низ градските улици.
Моделот на обувки Cityroam Apline chukka e доминантен производ за почеток на сезоната - комбинација од чизми и патики, збогатени со иновативни елементи. Хонг Конг е избран како локација која најсоодветно ќе го претстави овој производ заради миксот од старо и нови, умерената клима и балансот од природни убавини и модерна архитектура.
Колекцијата ја следи и кампања, за која овој пат се ангажирани актуелни влијателни лица, кои стилски се совпаѓаат со пораката што брендот сака да ја пренесе.
За оваа есен тимот на каталогот за кампањата го сочинуваат заменик уредничката на британски „Вог“, Сара Харис, италијанската актерка Бенедета Поркароли, руската диџејка Дариа Малигина италијанскиот бизнисмен Рикардо Позоли, францускиот актер Андре Саравиа и естонскиот фотограф Јухани Сарглеп.
Кампањата има за цел да го долови неверојатниот спој на природното и она што е направено од човекова рака. Пејсажот на градот и неонската џунгла се среќаваат со зеленило и паркови кои се вистински оази во секојдневниот метеж.
Фотографиите се дел од Cityroam кампањата бидејќи Timberland верува дека таа е одличен начин да се прикаже урбаната архитектура на едноставен и кредибилен начин.