Елена Лука се подготвува за престојната ревија во Софија!

18 септември 2018

Домашниот моден бренд „Елена Лука“ годинава го прославува својот децениски успех на македонската модна сцена, а токму по тој повод ја создаде и јубилејната колекција насловена симболично „Х“, која ќе биде ексклузивно презентирана на актуелната Модна недела во Софија. 

Подготовките се во самата завршница, а ревијата е закажана за 20-ти септември. Нашиот бренд ја има честа да ја затвори четвртата вечер од настанот, кога ќе настапат повеќе значајни, странски модни брендови. 

Како бренд кој веќе една деценија е на самиот врв, со јубилејната колекција „X" (It's old – it's new – it's Elena Luka X years after) прави сублимат на исклучително значајна декада и за брендот како таков, но и за македонска модна сцена.

„Секоја од креациите во оваа луксузна, јубилејна колекција „Х" го има своето уникатно место при раскажувањето на модната приказна на брендот. Од користењето на префинети материјали – како свила, кадифе, најексклузивни тантели, срма итн, до кроеви кои ја прегрнуваат женската различност, одлучив да ги обединам сите чекори кои ја направија оваа приказна и бренд единствени", изјави г-ѓа Елена Пандева.

Оваа колекција е мост помеѓу она што низ годините досега ја изградило модната куќа во креативна смисла, но и она што допрва ќе следи и што со сигурност ќе ја приближи до нова публика и до нова деценија исткаена со препознатлив дизајн, уметност и префинетост.

Со својот авангарден и артистичен пристап кон модниот дизајн, македонската модна куќа Елена Лука, постави врвни стандарди на домашната модна сцена, но истовремено направи приближување кон светските модни трендови и текови, а тоа сега ќе биде претставено и пред бугарската публика и тамошната модна сцена, која може да се пофали со моден настан од светски размери.

Повеќе за настанот можете да погледнете ТУКА.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena Luka (@elenaluka_official) onSep 4, 2018 at 5:31am PDT

 

За атмосферата таму и реакциите, очекувајте нови информации наскоро на нашиот медиум.

Објавено:
18 септември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
444 пати