Петок во кошулка на пруги и џинс
•
21 септември 2018
Конечно петок! Последниот ден од работната недела секогаш носи некоја радост, бидејќи пред нас е викенд во кој ќе уживаме максимално.
Ако денеска планирате да се забавувате после работа, одберете комбинација во која ќе може да ги извршите обврските и да уживате со пријателите.
Носиме едноставни црни фармерки и ги комбинираме со лежерна кошулка на пруги со копчиња и дел на заврзување кај половината.
Комбинацијата надополнете ја со едноставни бели патики и црна чантичка.
Имајте убав ден и уште поубав викенд!
Фото: Lulus