Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со облачно време, но тоа не значи дека не треба да се дотераме и да уживаме во денот.

Во последно време карираниот принт е навистина модерен и особено впечатлив, па денеска носиме едно токму такво палто и го комбинираме со црни фармерки со висок струк.

Одоздола, комбинацијата надополнете ја со едноставна бела маичка со натпис која сè уште е една од најпосакуваните во било која сезона.

Истакнете ја комбинацијата со овие црни лакирани чизми на потпетица и едноставна црна чантичка, а со нас секогаш ги носиме и очилата за сонце.

Уживајте во денот!

Објавено:
15 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.099 пати