Среда во кусо здолниште и ролка
•
28 ноември 2018
Иако утрово се разбудивме со малку посвежо време, тоа не значи дека треба целосно да се откажеме од здолништата.
Денеска носиме кусо здолниште од сомот во темно зелена боја и го комбинираме со нежна бела ролка.
За да се заштитите од студот, задолжително облечете хулахопки и секако, некое соодветно капутче по ваш избор.
Комбинацијата надополнете ја со шик куси чизмички на мала потпетица во темно кафена нијанса и уживајте во денот.
Фото: Pinterest