Тренд аларм: Фармерки + маичка со принт и вештачко крзно

28 ноември 2018

Фармерките со висок струк во комбинација со маичките со принт се секогаш шик избор за било каква пригода, па доколку сè уште ги немате овие парчиња во плакарот, време е да ги набавите.

Ние ви ја предлагаме оваа кул комбинација за сите пригоди што следат во празничниот период, доколку сакате да прославите во лежерна и опуштена атмосфера.

Комбинацијата ја надополнивме со едни од омилените чизми за оваа сезона, високи до глуждовите со впечатливи врвки, соодветни за голем број на комбинации.

За уште повпечатлив изглед, комбинацијата украсете ја со овој шал од вештачко крзно во неколку бои како совршен моден додаток за студените зимски денови.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Фармерки, маичка, чизми: Mango

Шал: Parfois

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
28 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
937 пати