Додека светот ужива слушајќи ја нејзината нова песна „Nothing breaks like a heart“ која за кратко време стана огромен хит, Мајли Сајрус на тајна церемонија се венча со нејзиното долгогодишно момче, актерот Лиам Хемсворт.
Магазинот Мери Клер објави две фотографии од нивната венчавка, а истите на социјалната мрежа Инстаграм ги сподели нејзиниот пријател Конрад Кар.
На фотографиите можеме да ги видиме пејачката и актерот во домашна атмосфера како сечат торта, додека просторијата е украсена со балони на кои пишува Mr. and Mrs.
Згодниот актер за церемонијата носи дводелен црн костим со бела кошула и впечатлив цвет, додека од она што можеме да го видиме на фотографијата, пејачката носи бел фустан со откриени рамена.
Нивниот пријател имаше објавено и кратко видео од забавата на која се чини дека присуствувале само нивните најблиски, иако никој од нив не потврди дека навистина станува збор за свадба.
Инфо: Marie Claire
Фото: Instagram/Conrad Carr