Том Харди стана татко по трет пат

12 јануари 2019

Холивудскиот актер Том Харди, периодов актуелен по главната улога во блокбастерот „Веном", за време на празниците стана татко по трет пат.

Заедно со неговата сопруга, познатата актерка Шарлот Рајли го добија нивното второ дете, синот Форест – кој името го добива по еден од омлените херои на Том, Форест Гамп од истоимениот филм – ликот што го глуми Том Хенкс.

Првото дете актерската двојка го доби во 2015 година – но не го соопштија ниту полот ниту името, а од претходната врска со неговата поранешна девојка Рејчел Спид го има 10-годишниот син Луис.

Во изјава за магазинот „The Metro", во август минатата година, Харди изјави: Нема потешка и позначајна работа од родителската.

 

Објавено:
12 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.105 пати