Малата квадратура на просторот за домување, секогаш е предизвик со кој особено се соочуваат помладите семејства, оние кои се во почетокот на својот заеднчки живот.
Затоа младите брачни парови, често бараат решение на „проблемот" за оптимално уредување на нивното мало семејно гнездо.
Но, всушност овој „проблем" може да биде умешно решен доколку се земат во предвид и се имплементираат неколку трикови што ги посочуваат професионалците во областа на ентериерното уредување.
Како одговор на модерните потреби на младите семејства, во сферата на уредувањето, се поактуелни се мултифункционалните парчиња мебел што ќе ви помогнат во заштеда на простор.
Тука ќе ги споменеме масите и столовите на склопување, креветите со фиокари, огледалата за на ѕид што истовремено се и полици, библиотеките што служат како прегради...
Рационалниот распоред на мебелот во комбинација со пријатни тонови и детали, ќе ви го олеснат домувањето и вашиот мал дом ќе го направат идилично и топло семејно катче.
Во продолжение издвоивме неколку фотографии што се во прилог на прагматичниот, но истовремено естетски уреден дом.
Фото: Пинтерест