Нема веќе попусти во „Прада“

26 март 2019

Познатиот италијански бренд „Прада“ соопшти дека ќе престане да ги продава своите производи со попуст во бутиците. 

Како пренесува извршниот директор на брендот, Патрицио Бертели, оваа година „Прада“ нема веќе на крајот на сезоната да нуди на пазарот чанти, маици со снижена цена од 20 проценти на пример, или пак последните броеви што не успеале да се продадат, да ги направи достапни за неверојатно ниски цени.

Зад оваа одлука, стои планот да се подобри имиџот на компанијата, а и да се зголеми добивката од продажба.

Во 2017 година, „Прада“ пријавила пад на продажбата од 18% нето на профитот кој изнесувал 115,7 милиони, за разлика од „Гучи“ и „Луј Витон“, кои пак имаа пораст од 43.4%. Конкретно, продажбата на францускиот бренд се зголемила за 12% во споредба со останатите. Заедно, „Гучи“ и „Луј Витон“ ја надминале „Прада“ во онлајн продажбата. 

За сега сè уште не е познато што ќе прави „Прада“ со парчињата кои ќе останат непродадени, односно не се знае ниту што ќе се случи со работите што нема да се продадат до крајот на сезоната и доаѓањето на новата роба во бутиците.

Објавено:
26 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.184 пати
Тагови: 
Прада попусти
Извор: 
elle.hr