Од неодамна Каролина Гочева е дел од МАНГО семејството, а оттаму денес ја презентираат новата серија фотографии со фокус на тоа како може да се носи бојата на сезоната - фуксија.
Се работи за комбинација одлична за меѓусезонско, модерно облекување. Фуксијата која доминира како боја е одлична за да го долови вистинското пролетно расположение кое владее деновиве.
Здолниште со разигран принт блуза, како и капут во истата нијанса одличен за дневни и вечерни излегувања, а сето тоа дополнето со металик патики и ултра впечатливи обетки.
Совршена комбинација за урбан и во исто време женствен изглед.
Доколку не бевте сигурни дали и како да ја комбинирате, сигурни сме дека овој стајлинг ќе ви биде инспиративен.
Фотографија: Ани Дими
Видео: Дарко Митев
Шминка и фризура: Beauty Hub 202 (Васе Доковски и Даниел Артевски)
Стилист: Алмир Мили
*комерцијален текст