Must have: Ја носиме омилената марама на поинаков начин

22 април 2019

Модните додатоци секогаш биле во нашиот фокус, особено во топлите денови кога можеме да експериментираме колку сакаме.

Оваа сезона ѝ дадовме нов изглед на нашата омилена марама која досега ја носевме на различни начини, но никогаш вака.

Нашиот шик црвен костум што овојпат го носиме со тренди патики го комбинираме токму со овој моден додаток, но сега марамата ја носиме на глава како во времето на нашите баби.

Иако на прв поглед можеби ќе ви изгледа како експеримент, оваа сезона бидете храбри и носете ги познатите модни додатоци на нов начин.

Бирајте смели и уникатни детали како што е случај со оваа марама и ќе бидете забележани каде и да се појавите.

Откријте се себеси и не двоумете се да го купите парчето што ви се допадна и бидете шик оваа пролет.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Марама: Mango

Модна агенција: Моделс Ин

Модел: Тамара Петковска

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Бриколаж

Објавено:
22 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
672 пати