H&M има нова колекција романтични венчаници

6 мај 2019

Популарниот high street бренд H&M создаде нова колекција романтични венчаници што ќе ја освојат секоја девојка на која и се ближи венчавката.

Покрај едноставните, но блескави венчаници, дизајнерите на брендот создадоа и колекција полна шик модни украси за најубавиот ден.

Во пролетната колекција венчаници H&M смести околу шест уникатни фустани чии цени се движат од 50 до 250 евра.

Цените на венчаниците се нешто што може да си го дозволи секоја идна невеста, а има модели за сечиј вкус, почнувајќи од романтични тантели, па сè до едноставни памучни комбинезони во неодоливи пролетни нијанси.

Во колекцијата дизајнерите сместија и парчиња што се совршен избор за секоја деверица или гостинка на свадбата, но бидејќи повеќе нема правила во однос на бојата на фустаните, истите можат да ги носат и самите невести.

Кој е вашиот фаворит?

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.182 пати