Нашата Каролина Гочева совршено знае да ги носи оделата од брендот „Манго“. Доказ за тоа е што на страната на шпанското издание на магазинот „Elle“, каде токму фокусот беа овие парчиња, беше посочена фотографија и од Гочева.
Но, после зеленото одело, пристигнаа и нови фотографии со уште една фантастична Манго комбинација.
View this post on Instagram
Овој пат се работи за карирана верзија на актуелниот тренд. Оделото е изработено од лен, кој доминира како ткаенина во оваа колекција на Манго. Изгледот е дополнет со романтичен шешир и плетени детали.
Идеална комбинција за актуелната сезона и тоа за повеќе пригоди, со менување на модните додатоци.
Како ви се допаѓа?
Фотографија: Aни/Дими
Шминка и фризура: Beauty Hub 202 (Васе Дооковски & Даниел Артевски)
Стајлинг: Алмир Мили
Повеќе информации можете да најдете тука.