Инспирација: Мајка сама создава магични фотографии со синчето

10 јуни 2019

Креативни фотографии со/за деца се апсолутен хит веќе неколку години наназад. Меѓутоа, оние што не можат да си дозволат таква сесија, а сакаат да имаат фотографии од децата кои секогаш ќе им измамат насмевка, доволно е да вклучат само малку креативност.

Сиоин Квини Лиао е името на една млада мајка која со помош на чаршафи во боја и малку реквизити (повеќето ги изработува сама) создава неверојатни фото приказни.

„Слободен уметник сум и живеам во Калифорнија, а мајка сум на три машки деца. Секогаш уживам во креативната работа каде фокус ми се децата. Фотографијата пак, отсекогаш била мое хоби. Првин бев заинтересирана во убавините на природата, кои не престануваа да ме фасцинираат. Но, после раѓањето на моето прво дете во 2002 година, мојот фокус се префрли на ова слатко бебенце. Почнав да го фотографирам, а инспирацијата за фотографиите ја црпев од фантастичната работа на Ен Гедес. Во 2010 пак, се сретнав со работата на Адел Енерсен со нејзината ќеркичка и започнав да експериментирам со слични идеи со мојот тримесечен син Венген“, раскажува Сиоин.

За тоа пак, од каде ги црпи идеите за позадините ќе каже примарно до бајките.

„Пораснав со бајки и ги терав моите одново и одново да ми читаат додека мојот поглед беше фиксиран на прекрасни илустрации. Токму бајките од моето детство ми даваат безброј идеи кои можам да ги имплицирам. Секој ден, пред да биде времето Венген да поспие малку, го замислувам како главен лик од некоја од моите омилени бајки или епизоди и ја создавам позадината со стара облека, плишани животинчиња, играчки и материјали кои можам да ги најдам дома. Откако ќе заспие, ќе го позиционирам на местото каде што е најдобро да биде и ќе почнам да фотографирам и создавам нов фантастичен свет“, објаснува младата мајка.

 

Во продолжение ви презентираме дел од нејзината работа, за која сме сигурни дека ќе ви биде инспиративна:

 

извор: http://wengenninwonderland.com; boredpanda.com; 

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
431 пати