5 парчиња женска облека што треба да ги задржите во гардероберот за есен-зима

21 септември 2013

Токму сега е периодот кога многумина од нас знаат да кажат „не знам што да облечам“ и тоа поради преминот на временската сезона од лето кон есен. Времето е непредвидливо и често знае да не „излаже“ за да облечеме нешто подебело или потенко. Токму од тие причини ние ви предлагаме 5 женски парчиња облека што треба да ги задржите во вашиот гардеробер кога ќе го преуредувате.

Фустанот од тантела

Независно во кава боја е, фустанот од тантела можете лесно да го комбинирате и со потопла облека, како есенско палто, капут и чизми. Доколку го немате, слободно инвестирајте во еден ваков и така ќе имате една комбинација која е успешна за претстојната сезона.

Бела комбинација

парчињата во бела боја може да ве направат елегантни и софистицирани. Комбинирани со крзно во некоја кафена нијанса имате на вас полн погодок.

Мото јакна

За ова парче веќе пишавме дека е универзално за секоја сезона, па така без многу дискусија и дилема, воопшто не го чепкајте од закачалка.

Транспарентна карирана кошула

Транспарентните материјали ќе останат носливи и за есен -зима. Посебно актуелен е карираниот принт кој е симбол на гранџот. Ваквата кошула нека остане во вашиот гардеробер, а комбинирајте ја со пенкало здолништа или цигара фармерки.

Кружно здолниште

Било за на работа, дневно или вечерно излегување во град, во ова здолниште ќе изгледате дека сте посветиле доволно внимание околу вашиот изглед. Така да не се двоумете дали ќе ги носите овие здолништа или не.  Спојте ги со чизмички до глужд или елегантни салонки.

 

Објавено:
21 септември 2013
Категорија: 
Направи сам