Веќе знаете дека еден од најголемите летни трендови се блузите со откриени рамена, па денеска само ве потсетуваме на тоа зошто е добро да одберете вакво парче.
Истите се совршени за секој ден од неделата, секако, доколку се суптилно откриени и за на работа, а како создадени се за вечерни излегувања со пријателите.
Овие парчиња се едни од омилените на девојките поради нивната софистицираност, елеганција и префинетост.
Можете да ги носите со бројни парчиња како фармерки со висок струк, здолништа, елегантни панталони со ремен на половината и слично.
Оваа сезона покрај памучни, девојките обожаваат и тантелни кошулки со откриени рамена, изработени од сатен како и други стилски материјали што изгледаат неверојтно.
Комбинациите со овие парчиња се совршени за на фестивал, за вечерна прошетка, за на одмор и секако, за летни свечености кои знаеме дека ги има многу.
Во галеријата погледнете неколку комбинации со блузи со откриени рамена и инспирирајте се уште денес.
Инфо и фото: Bonjour.ba