Понеделник во црно – бела стилска комбинација
•
8 јули 2019
Првиот ден од работната недела секогаш е ултра тежок, особено во текот на летните одмори. Денеска нè израдуваа малку пониски температури кои се најавуваат за оваа недела, па тоа значи дека може да блеснеме во стилска комбинација.
Носиме широко црно здолниште во А – крој со карнер од едната страна и го комбинираме со црно – бела кошулка на пруги што се врзува во панделка во предниот дел.
Комбинацијата надополнете ја со црно – бели високи потпетици и црна мини чантичка и блеснете какви и да ви се плановите за денеска.
Имајте убав ден!