Жената која го одбила Том Круз...

5 ноември 2019

...Да, ете има и такви. Шпанската актерка Марија Серна на почетокот на кариерата имала шанса да му биде девојка на Том Круз, но таа не се согласила.

Како објаснува за магазинот „Corazon Hoy“, ѝ било понудено само да се фотографира со него и да глуми дека му е девојка, агент ѝ советувал дека позирањето со славниот актер ќе биде добро за нејзината кариера:

„Холивудски агент ме „бркаше“ и ми ја понуди оваа шанса. Неретко луѓето во Холивуд кажуваат многу лаги и се преправаат дека се нешто што не се“, вели актерката.

Шансата што многумина ја чекале, да бидат макар и на тој начин во близина на актерот, ја одбила.

Таа додава дека сакала да работи во Холивуд, но не под тие услови.

Сепак, ќе ѝ успее да се пробие, па во 1986 година ќе стане дел од екипата која ќе работи со Педро Алмодовар на филмот „Матадор“, каде ќе глуми заедно до Антонио Бандерас.

Кој го освоил нејзиното срце и со кого успеала да оствари вистинска љубов, можете да прочитате ТУКА.

 

Објавено:
5 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
834 пати
Тагови: 
сцена Том Круз