Уште од 2000-тата година, Институтот за боја „Пантон“ објавува која боја најдобро ќе ја опише годината пред нас и она што луѓето го посакуваат.
Денес објавија дека 2020 ќе биде во знакот на класичната сина (Classic Blue).
View this post on Instagram
Се работи за интензивна сина нијанса, која како што велат од Институтот, ја симболизира стабилноста, силен темел за времињата кои се исполнети со стрес и анксиозност.
„Тоа е бојата на небото кога сонцето заоѓа, боја на боровницата, која поеднакво може добро да изгледа и во вашиот гардеробер, но и на ноктите, ѕидовите на домот... Живееме во време кое бара од нас да имаме верба и доверба. Тој вид на конзистентност и самодоверба, е изразена во Пантон нијансата 19-405 Classic Blue, цврста и сигурна сина на која секогаш можеме да се потпреме. Оваа боја нè поттикнува да размислуваме подлабоко, да ги прошириме видиците и да комуницираме отворено“, вели извршната директорка на Институтот, Лиатрис Ајземан.
Од „Пантон“ истакнуваат дека оваа сина нијанса ќе ви донесе мир и спокој, но помага исто така за подобра концентрација и за јасно размислување.
Интересно е што изборот на овој институт за „Боја на годината“ пред 20 години започна исто така со сина боја. Тогаш се работеше за нијансата Cerulean Blue, која тогаш претставува возбуда за влез во новиот милениум.
View this post on Instagram
Гледајќи наназад, оваа нијанса влијаеше длабоко во културата и трендовите, а дури беше спомената и во „Ѓаволот носи Прада“ во која Мерил Стрип, како уредничка на модниот магазин потенцираше кои бои доминираат во индустрјиата, споменувајќи ја токму и Celrulean Blue.
Класичната сина пак, е искрена, заштитничка и неагресивна боја, која ќе ни ја обои 2020.
Се враќаме на класиката, бидејќи светот е во хаос, е пораката од „Пантон“, а на влезот на новата декада можеби токму тоа и ќе ни биде потребно.