Ако сакате овие празници некому да му ги направите посебни, тогаш подарете уникатен подарок со врвен дизајн – КАРЕ!

Обединети под етикетата на германскиот квалитет и модерната естетика што отстапува од стандардното, производите на КАРЕ се синоним за вредност што го надминува времето и трендовите.

Во богатата лепеза производи за уредување и декорирање на домот, КАРЕ нуди избор што ќе ги задоволи и највисоките естетски критериуми.

Во стилски различен фазон, од минималистички до драматични декоративни елементи и парчиња мебел, со потписот на КАРЕ ќе внесете доза магија и автентичен карактер во просторот во кој секојдневно функционирате, независно дали се работи за вашиот дом или работно место.

Германскиот бренд КАРЕ има повеќе од сто продавници во педесетина земји во светот, а од неодамна на мапата на КАРЕ се најде и Македонија. За оние што сè уште не го посетиле, нивниот салон кој ќе ви понуди едно поинакво шопинг искуство, се наоѓа на улица „Варшавска" број 1, во населбата Тафталиџе.

Дел од понудата можете да видите и на нивниот Фејсбук профил, Инстаграм и веб страна.

*Комерцијална објава

Објавено:
24 декември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
812 пати