50-годишната блогерка Кармен Гимено ја интерпретира зимата стилски и колоритно

15 јануари 2020

Во повеќе наврати досега сме пишувале за 50-годишната шпанска модна блогерка Кармен Гимено, од проста причина што негува неверојатно инспиратвен стил и во нејзините комбинации секогаш може да пронајдете мотивација независно на која возрасна група ѝ припаѓате.

Така е и зимава. Инстаграм профилот на Кармен е полн со шаренило, ентузијазам, храбар пристап кон тенденциите, но пред се личен идентитет и став кој вели: уживам во своите години, во зрелоста и изградената естетика.

Особено привлечно кај нејзиниот имиџ е тоа што секогаш знае соодветно да дозира колорит со елеганција, спојувајќи во хармоничен микс различни стилови.

Патиките се значаен сегмент од нејзинот визуелен идентитет и е препознатлива токму по тоа што им даде една нова димензија ново значење, сместувајќи ги во сите свои дамски комбинации.

Доза инспирација во продолжение.

 

Објавено:
15 јануари 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
4.382 пати