Алиша Кис ги отвори Греми наградите со емотивен трибјут за Коби Брајант

27 јануари 2020

Греми наградите посветени на Коби Брајант.

Со емотивен музички трибјут посветен на трагично загинатата легенда Коби Брајант, Алиша Кис вчера го отвори 62-то издание на Греми наградите.

Целиот престиж и гламур на настанот, вчеравечер беа во сенка на големата трагедија која се случи истиот ден кога Коби Брајант, неговата 13 годишна ќерка Џиана и уште седум други лица го загубија животот во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија.

Фото: Robyn Beck / AFP), (ROBYN BECK/AFP via Getty Images)

„Сите сме во голема тага. Рано утринава, Лос Анџелес, Америка и целиот свет изгубија херој. Стоиме овде со скршени срца, во куќата која Коби Брајант ја изгради", сентиментално зборуваше домаќинката на наградите.

Во негова чест, заедно со Boys II Men ја испееја "It's So Hard to Say Goodbye to Yesterday"...

Трагичната вест вчера го заобиколи целиот свет. Денеска познати и непознати, спортски ѕвезди, негови пријатели, фанови, на своите профили на социјалните мрежи се простуваат од големата легенда која ќе остане запаметена како една од најсјајните ѕвезди на кошарката.

 

Објавено:
27 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
537 пати