Драматична насловна на Harper’s Bazaar со 22-годишната милијардерка Кајли Џенер

5 февруари 2020

22-годишната милијардерка Кајли Џенер од кланот Кардашијан, се најде на насловните страни на мартовското издание на магазинот Harper's Bazaar.

Целата фотосесија вклучително и насловните страни се сместени во драматичен концепт што е базиран на естетика која наликува на стилот на Марија Антаоанета. А тоа подразбира масивни перики и раскошни фустани во драматични кроеви од „haute couture" колекциите на луксузнте брендови.

Фотосесијата е направена во канцелариите на нејзината гигантска козметичка компанија, па најголем дел од разговорот всушност е фокусиран токму на нејзинот бизнис што ја смести во листата на најбогати личности.

„Никогаш не помислував дека ова може да биде моја професија. Секогаш сакав козметика, шминка... Сакав да гледам туторијали. Бев опседната со кармини. Но, не верував дека ќе се занимавам со ова", вели Кајли во дел од разговорот.

Во интервјуто зборува за нејзиното семејство, за улогата на мајка, за нејзината ќерка Сторми, а се навраќа и на нејзиното рано детство од кога вусшност почна да го живее својот живот постојано пред очите на јавноста преку реалното шоу на кланот Кардашијан.

„За своето влијание станав свесна веројатно кога имав околу 16 години. Тогаш ја скратив косата и ја бојадисав сина, а тоа стана вирален хит. Сите ја носеа таа фризура. Сфатив дека имам влијание...", зборува младата милијардерка за периодот кога сфатила дека не е инфлуентно само нејзиното семејство, туку и таа лично.

Целото интервју може да го прочитате на Harper's Bazaar.

 

Објавено:
5 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.764 пати