Сигурни сме дека самиот факт што денес е петок ви внесува дополнителна доза добро расположение. И бидејќи сме на прагот на викендот, нашиот денешен предлог е една младешка и тренди комбинација, совршена доколку планирате да излезете и да се забавувате.

Волуменозен дуксер, односно дуксер-фустан би можеле да го наречеме парчето кое е посебно актуелни последните неколку сезони.

Во случајов е искомбинирано во високи лакирани чизми на висока потпетица.

Кога на ова ќе додадете капут и мала чантичка, ќе имате комплетна комбинација, во која можете самоуверено да зачекорите.

Вие што не се обожаватели на дуксери, можете ова парче да го замените со некој плетен фустан во широк крој, во кој ќе се чувствувате прекрасно.

Ви посакуваме забавен петок.

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
920 пати